Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap




Во месец мај ќе имаме убав фотокино викенд.





На 13 мај 2010 година во Куманово, во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена клубската изложба на фотографии “Мајски салон“ во организација на Фотокино клубот КОЗЈАК 50 од Куманово, а веќе на 14 мај 2010 година во Кавадарци ќе е одржи 39-от Државен фестивал на непрофесионалниот филм, во организација ма Кино сојуз на Македонија, Народна техника на Македонија, Народна техника на Кавадарци и Домот на културата “Иван Мазов - Климе“.

Повелете, и уживајте!

© Chkrap! * 2010


http://www.chkrap.mk

0 comments



Интернет страницата на Фотокино клубот Чкрап! повторно е активна, сега со нов домен, www.chkrap.mk

Се надеваме дека многу брзо ќе се врати стариот сјај на нашата интернет презентација, затоа што членовите на Чкрап! имаат што да му покажат на фотографскиот свет!

© Chkrap! * 2010





1. ОГРАНИЗАТОР
Изложбата е во огранизиција на Фото Кино Клубот „Козјак 50„ од Куманово
2. ПАРТИЦИПАЦИЈА
Изложбата е отворена за секој автор од Р. Македонија; учество може да биде одбиенo, од страна на организациониот одбор, спонзорите или жирито, доколку сметаат дека фотографијата не ги исполнува условите и правилата дадени во пропозициите. Фотографиите можат да бидат изменети, дигитално или на друг начин. Фотографијата треба да биде пратена во дигитална форма со минимални димензии од 20х30 цм во 300 dpi во jpeg формат. Соподнесување, учесникот докажува дека фотографијата е негова и со тоа дозволува во целотост или било кој дел од
фотографијата да биде користена бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата. Органзаторите на изложбата не превземаат никаква одговорност за било какво злоупотребување на авторските права. Партиципацијата за учество изнесува 300 ден. и се праќа заедно со компакт дискот.
3. ТЕМА НА ИЗЛОЖБАТА
Тема на изложбата е слободна
4. БРОЈ И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ФОТОГРАФИИТЕ
За учество на “Фото Фокус 2010” авторите аплицираат со колор или црно-бели дигитални фотографии во сите правци и тенденции. Максимален број на фотографии е десет(10) со димензии минимум 20×30 цм во 300 dpi. На предната страна на фотографијата не смее да има никакви наслови или информации на авторот. Сите десет фотографии од авторот ке бидат презентирани на жирито одеднаш. Името на секој дигитален документ (фотографија) мора да биде означено најпрвин со името и презимето на авторот, а потоа и редниот број на фотографијата, кое
кореспондира со пополнетата апликација. Пример: imeprezime01.jpg; imeprezime02.jpg
5. КАЛЕНДАР НА ИЗЛОЖБАТА
Краен рок: 01.06.2010
Жирирање: 06.06.2010
Известување: 09.06.2010
Oтворање на изложбата: 25.06.2010
Враќање на каталози и награди на авторите до 31.08.2010.
6. ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАЌАЊЕ ФОТОГРАФИИ
Фотографиите заедно со апликацијата да се пратат на следнава адреса: fkk_kozjak@yahoo.com; доколку фотографиите се праќаат на компакт диск: ФКК Козјак 50; Поштенски фах 33; 1300 Куманово
7. СЕЛЕКТОР
Душко Јовановски / КМ ФСМ
8. НАГРАДИ
На “ФОТО ФОКУС 2010” ќе бидат доделени следнве награди:
1. Прва, втора и трета нагада за поединечна фотографија
2. Прва, втора и трета нагада за колекција фотографии
3. Шест дипломи (3 за поединечна, 3 за колекција)
4. Награда за најуспешен клуб на изложбата
9. КАТАЛОГ
Сите автори (кои пратиле фотографии и платиле партиципација) ќе добијат каталог.
10. КОНТАКТ:
Г-Дин. Милан Серафимовски / 071 823 036
Г-Дин. Глигор Максимовски / 071 580 060
е-mail: fkk_kozjak@yahoo.com
www.kozjak50.com


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!