Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Edward Burtynsky - MANUFACTURED LANDSCAPES

0 comments



Едвард Буртински е канадски фотограф. Предмет на неговиот интерес се промените во природата под влијание на индустријата. Неговите “индустриски“ пејзажи, снимени во третиот свет, но и во развиените западни земји, ги изработува во големи формати (до 150 цм). Тие се богати со детали и делуваат монументално.
Тој на современ начин ги отсликува периодите низ кои минало човештвото: преку каменот, минералите, нафтата, транспортот, силиконот...
Прикажувајќи ги нуспроизводите на современата цивилизација, Буртински ги поставува прашањата од животна важност во XXI-от век. Каде оди човештвото и до кога бесрамно ќе ја исцрпува планетата Земја во име на “напредокот“ и профитот?



На 29 септември 2009 година, со почеток во 20.00 часот, во ЦБЦ Лоја во Тетово, во организација на Фотокино клубот“Чкрап!“ преку фотографии и видео ќе ги запознае своите членови како и сите заинтересирани граѓани, со творештвото на Едвард Буртински и импликациите на неговите фотографии врз формирање на една нова еколошка свест...



Влезот е бесплатен.

© Chkrap!*2009


ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА

0 comments

47-то издание на Деновите на македонската фотографија треба да се одржи од 16 - 30 октомври 2009 година.



Од 16-18 октомври би требало да се одржи “Школата за млади фотографи“ во с.Варвара (Тетово).
47-та Државна изложба на фотографии ќе се одржи од 20 - 30 октомври во изложбениот простор на АРМ во Скопје.
Организатор на годинешново издание е се поактивниот Фотоклуб од Скопје - ФОТОГРАФИКА, во соработка и под покровителство на Фото сојузот на Македонија.

Инаку, пропозициите се познати: до 10 фотографии во формат 30х40цм, слободна тема и техника, рок за доставување - 1 октомври 2009 година, право на учество имаат сите фотографи од Македонија под услов фотографиите да не учествувале на поранешните конкурси на Деновите на македонската фотографија...

Ако има некоја грешка (во пропозициите...) исправете ме на recycled.reality[at]gmail.com

Имајте убаво светло и дебели нерви кога ќе ги дознаете резултатите од жирирањето кое ќе се одржи на 10 октомври 2009 година (може слободно да присуствувате...)

© Chkrap!*2009



Боби Кузманоски ми помогна да Ви дадам исцрпно и ТОЧНО инфо за Деновите...
Повелете:


ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2009
Организатори:
Фото сојуз на Македонија
Фото клуб ФОТОГРАФИКА – Скопје
Дом на АРМ – Скопје


П Р О П О З И Ц И И

ТЕМА: СЛОБОДНА
Право на учество на изложбата имаат сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори и професионални фотографи.

Секој автор може да конкурира со максимум 10 фотографии. Во рамките на изложбата ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2009 ќе се одржи и младинска изложба. На младинската изложба право на учество имаат автори помлади од 27 години.

На задниот дел од секоја фотографија треба да се назначат податоците според Правилникот за изложби на ФСМ: име и презиме на авторот, наслов, фото клуб, адреса и звање во ФСМ, доколку го има авторот.

На фотографиите за младинската изложба треба да се назначи дека се за младинската изложба и треба да се напише годината на раѓање на авторот.

Ќе се примат црно-бели и колор фотографии во која било техника до формат 30х45 cm или изведени формати.

Фотографиите кои досега учествувале на претходните ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА нема да бидат прифатени за жирирање.

НАГРАДИ:
Петчлено жири во состав

Претседател:
Цветан Гавровски

Членови:
Роберт Јанкуловски,
Драги Неделчевски,
Владо Велјановски и
Владимир Ѓорѓиев, ќе додели:

• Прва, втора и трета награда за колекција на фотографии
• Прва, втора и трета награда за поединечна фотографија
• Две дипломи за колекција на фотографии;
• Две дипломи за поединечна фотографија

КАЛЕНДАР:

Краен рок за прием: 01.10.2008
Жирирање: 10.10.2008
Отворање на изложбата: 20.10.2008
Враќање на фотографиите: 10.11.2008

Фотографиите да се испратат или достават на адреса:

Фото сојуз на Македонија
Градски ѕид Блок 5, П. Фах14
1000 Скопје

Организаторот го задржува правото на репродукција на примените фотографии за потребите на изложбата. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!