Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap



Chkrap! - ФОТОГРАФИИ 2007

0 comments



Ете, бидна и изложбата.

Можеби најдобрата досега што ја имаше нашиот фотоклуб. Како што слушнавме од посетителите, колегите фотографи, претседателот на Фото сојузот на Македонија, претседателите на старите и нови фотоклубови кај нас, кои што беа на отворањето, Фотокино клубот ТЕТОВО - Чкрап! навистина прикажа добри фотографии на добро организирана изложба (благодарност до МАЦ - Лоја од Тетово).

23 фотографи од Чкрап! на публиката и покажаа дел од своите фотографии направени годинава (а некои и порано), вкупно 57 фотографии.

На годинашнава изложба 5 фотографи - нови членови првпат излагаа фотографии на Чкрап!

На Ѓорѓи Ристоски, еден од најдобрите фотографи во Чкрап!, му беше доделена диплома за стекнато звање - Фотограф втора класа, за постигнатите успеси во фортографијата (учество на изложби и освоени награди во Македонија и странство).







Убаво.

Им благодариме на сите што не поддржаа и што го поделија овој убав фотографски настан со нас од Чкрап!


23 фотографи од Chkrap! на PHOTOGRAPHS 2007!

0 comments




23 фотографи од Чкрап! на 18 декември 2007 година во МАЦ - Тетово ќе изложат повеќе од 60 - тина фотографии.
Отворањето е закажано за 19.00 часот.
Повелете. Гарантираме врвно визуелно доживување...


ФОТОГРАФИИ 2007

0 comments



На 18 декември 2007 година во 19.00 часот, во МАЦ (Мултимедиа Арт Центар) во Тетово, фотографите од Фотокино клубот Чкрап! од Тетово Ве покануваат на годишната изложба на фотографии.
Повеќе од 15-ина фотографи со околу 60-ина фотографии ќе се обидат да Ви ја разубават вечерта во вторникот на 18 декември...
Повелете!


За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!