Foto Kino Klub TETOVO - Photo Cinema Club TETOVO - FKK TETOVO - Chkrap






Трета награда за документарниот филм “Тајната“

Во Центарот за култура во Куманово на 28 април 2007 се одржа 36. Државен фестивал на непрофесионален филм
Од пристигнатите 35 филмови на Фестивалот, жирито избра 19 наслови во официјалната конкуренција.



Оваа година Гран при на Фестивалот освои филмот "Крв" на авторот Петре Чаповски од Академски киноклуб од Скопје.
Од примените филмови жирито ја формира и македонската селекција што ќе учествува на годинешниот Светски фестивал на непрофесионален филм UNICA 2007 кој ќе се одржи во Братислава, Словачка.



Драги Неделчевски од Chkrap! во категоријата документарен филм ја доби третата награда за филмот “Тајната“.
Во “Тајната“, академскиот сликар и истражувач Александар Настески, открива една тајна со истражување на карпестата уметност и ги пренесува тие откритија на своите слики, поставувајќи прашања за тоа кои сме, од каде сме дошле и каде одиме...










За нас

Последни постови

Архива

Фотографија

Македонија

Relax


ATOM 0.3


check out the Chkrap! swicki at eurekster.com Stumble It!